Тажни сцени: Дете во солзи зошто му го земале знамето со сонцето од Кутлеш (ВИДЕО)

Македонската фаланга во Вараждин привлекува огромно внимание во јавноста. Многубројната публика која ја полни салата и ја бои во боите на Македонија е доминантна.

Пред почетокот на Светското првенство во ракомет, излезе информација дека македонски навивачи биле држени четири часа на хрватската граница каде им ги барале знамињата со „Сонцето од Вергина“.

И покрај тоа што им било забрането да го веат ова знаме македоснската публика ги развиори црвено-жолтите платна на сите страни и на натпреварот со Унгарија и денеска со Холандија, вклучувајќи го и старото знаме и државното знаме.

– Нас никој не може да ни забрани да носиме знамиња, ние го имаме нашето државно знаме, но и ова кое го чувствуваме како свое и не можат да не спречат со тоа да го вееме. Ние никого не навредуваме – рече еден господин во видео објавено од Сител ТВ.

Дополнително, нов инцидент се случи денеска поврзан со знамето со сонцето од Кутлеш. На едно детенце му го земале ова знаме и настанала огромна драма.

Детето плаче вознемирено, возрасните се расправаат. Погледнете во краткото видео објавено од Сител ТВ во продолжение, што се случувало.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде