Македонската ракометна репрезентација одигра повторно квалитетен натпревар против посилен противник на Мундијалот.
Судиите ја претераа. Каде и да се сврти човек исклучување за Македонија или пенал за Холандија.
Второто коло на Светското првенство за Македонија донесе нов, уште потежок меч од оној против Унгарија, кој го загуби со 37:32.
Резултат кој не ја отсликува вистинската слика на мечот кој заврши со неверојатни 12 пенали во корист на Холанѓаните, дури 7 исклучувања за нашите ракометари од кои 4 во првиот дел, како и два жолти и два црвени картони.
По натпреварот судиите и холандските ракометари веднаш побегнаа од паркетот и не го дочекаа вообичаеното прогласување на најдобриот во натпреварот.
Пред заминувањето, селекторот на Холандија, Штафан Олсон, сакаше да се пресмета со нашата клупа и селекторот Лазаров.