Денис Лав, легендарниот репрезентативец на Шкотска и еден од најголемите фудбалери во историјата на Манчестер јунајтед почина на 85-годишна возраст.
Лав успеа да стане вториот британски фудбалер по Стeнли Метју кој ја добил „Златната топка“ за најдобар во Европа.
Престижното признание успеа да го добие во 1964 година и остана единствениот шкотски фудбалер со таков успех.
Заедно со Кени Даглиш е најдобар стрелец на репрезентацијаа на Шкотска на сите времиња со 30 голови, а неговите 237 гола во дресот на Манчестер јунајтед го прават трет најдобар голгетер во историјаа на „црвените ѓаволи“ зад Вејн Руни и Боби Чарлтон.
Со Јунајтед освои шест трофеи вклучувајќи и две титули шампион на Англија и историскиот прв трофеј во Купот на шампионите за англискиот гигант во 1968 година.