На денешното судско рочиште за случајот за убиството на Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска продолжи изведувањето на материјалните докази од страна на Обвинителството.
Во судница во моментот се прикажуваат снимки на кои треба да се види движењето на возилата ,,цитроен”, со кое била грабната Вања од пред нејзиниот дом, и на,,рено гангу”, во кое, според Обвинителството се возел обвинетиот Палевски, а кое се движело пред автомобилот во кој било девојчето.
Обвинителката објаснуваше што точно се гледа на секоја од презентираните снимки.
За првото CD, на кое имаше неколку снимки од различни агли, рече дека е од денот на киднапирањето на девојчето, во раните утрински часови, а на неа се гледа како обвинетиот Влатко Кешишев, облечен во црна јакна и со црна капа, полни бензин во пластично шише.
-На снимката се гледа како Влатко Кешишев одејќи пешки, со поголемо пластично шише, пристигнува на бензинската ,,Макпетрол”, во близина на политичката партија ,,Десна”, кај железничката станица, за да наточи бензин.
Снимката е со датум 27 ноември 2023 година (денот на грабнувањето на Вања), а во 05 часот и 26 минути.
Судењето е во тек.