На 19-ти јануари 2025 година, околу 10:00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Ќафасан-село Подмоље,
патничко возило марка „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од струшкото село Радолишта, излетало од коловозот.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 18-годишниот сопатник во возилото, лице од селото Радолишта, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)