Ужасна вест: 11-годишно момче падна од трети спрат во училиште, веднаш префрлен во болница

Единаесет годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп.

Ученикот веднаш е префрлен во прилепска болница, а од таму итно е испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Ученикот се здобил со повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете.

Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, вели директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.

Несреќата се случила во втората смена на големиот одмор, кога сите ученици биле излезени во дворот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде