Важна информација за сите кои патуваат: Еве каде моментално има врнежи од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Снег со слаб интензитет провејува на превоите Ѓавато и Плетвар. Намалена видливост поради магла од 40 до 50 метри има од селото Гајре до Попова Шапка, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде