Нема да ви се верува: Погледнете колку изнесува просечната плата во Македонија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година изнесува 41.999 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Истовремено, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 63.154 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во споредба со ноември 2023 година, изнесува 109,5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (15,3%), транспорт и складирање (12,7%) и преработувачка индустрија (11,2%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите:

рударство и вадење камен (8%), дејности во врска со недвижен имот (5,9%) и земјоделство, шумарство и рибарство (2,6%).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде