Пријателите и роднините се простуваат од Дане Ниниќ кој беше убиен на славата Свети Јован во Батајница во Србија.
Крвавото злосторство се случи на 20. Јануари 2025, кога Дане дошол на слава кај таткото на својата поранешна сопруга.
Во еден момент, како што пренесуваат српските медиуми, тие започнале расправија од засега непознати причини, а 70-годишниот Миодраг Б. земал нож и до смрт го избодел својот поранешен зет.
Пријателите и роднините на 41-годишниот Дане, споделуваат пораки за збогум на социјалните мрежи.
– Длабоко жалиме за смртта на Дане, наш голем пријател и соработник. Почивај во мир, прерано не напушти, е само една од пораките на социјалната мрежа Фејсбук.
– Куме мој, ќе те сакам засекогаш, стои во друга објава за збогум на Фејсбук.
Инаку, погребот на Дане ќе биде на 25. Јануари, Сабота.