Оштетени згради и автопат: Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Филипините

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Филипините,

при што се оштетени згради и пат во близина на епицентарот, соопштија властите.

Регистрирани се најмалку 45 последователни потреси.

Мајор Барни Катиг, началник на полицијата во градот, рече дека земјотресот бил краток, но силен.

„Никој не е повреден, но најмалку 18 домови и владини згради претрпеа „мали штети“.

Најмалку еден автопат има пукнатини од земјотресот, но и понатаму е прооден, рече Катиг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде