Сахин (25), кој пред околу месец и половина почнала да работи како келнерка во хотелот, била на катот на персоналот кога околу 3 часот по полноќ во хотелот избувнал пожарот. Пожарот затекнал заспани многу работници и гости.
Не можејќи да се спаси од пожарот се упатила кон повисоките катови. Во таа паника го препознала својот татко и го прашала што да прави.
„Немој да скокаш“, наводно ѝ рекол татко ѝ, пренесуваат турските медиуми. Тој се обидел да ја смири својата ќерка додека стравот и паниката растеле.
Откако била на телефон со нејзиниот татко 10 минути, телефонот згаснал. Наводно, Сахин се исплашила кога видела дека двајца нејзини пријатели, кои во тој момент биле со неа, се онесвестиле.
Кога пламените јазици стигнале до нејзините нозе, Сахин решила да скокне од прозорецот на 12-ти кат.
Таа во тешка состојба била префрлена на одделението за интензивна нега во болницата, каде за жал починала.
Бројот на луѓето кои ги загубија животите во пожар во хотел во ски-центарот Карталкаја во турската провинција Болу се искачи на 79. Во рамките на истрагата за причините за несреќата приведени се 11 лица, меѓу кои и заменик радоначалникот Седат Ѓулер и заменик-началникот на пожарникарите Кенан Чоскун.
Истрагата што ја покренало главното јавно обвинителство Болу за пожарот што во вторникот наутро избувна во хотелот Гранд Картал продолжува, јавува Anadolu Agency. Продолжува работата за идентификација на 79-те загинати во пожарот, а врз основа на ДНК тестовите досега се идентификувани 56 лица.