Најнова вест: Клучниот сведок Гоце Трајковски самиот ѝ се предал на полицијата

Гоце Трајковски, лицето кое е осомничено за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, а воедно е и сведок во предметот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, сам се пријавил во полиција, објави 24 вести.

Имено, Трајковски пред краток период, а откако по него беше распишана потерница, сам отишол во ПС Кисела Вода, потврдуваат од МВР.

Лицето Гоце Трајковски само се пријавило во ПС Кисела Вода. – МВР.

Како што е познато во јавноста, Трајковски активно соработувал со таткото на Вања во обидите да ја пронајдат и беше важен сведок во процесот.

Тие заедно собирале докази и прегледувале видео-снимки, но тој не се појави на судењето закажано за 15 ноември. Неговата мајка, Кираца Трајковска, пак тогаш изјави дека здравствени проблеми го спречиле да сведочи.

Меѓутоа, Обвинителството подоцна потврди дека Трајковски има статус и на осомничен во случај со подметнување пожар. Според нивните податоци, на 13 ноември, тој со уште три лица запалил кафуле кое било лоцирано во станбена зграда во Кисела Вода.

Истражните органи продолжуваат да работат на случајот, а судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжува во понеделник на 27 јануари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде