Македонија тагува, пријателите и колегите се простуваат од Анче

На 54-годишна возраст денеска почина Анче Трифунов, поранешен претседател на Советот на општина Кочани во периодот од 2009 до 2013 година и државен секретар во министерството за економија.

Од Трифунов на социјалните мрежи се простија и неговите сопартијци.

„Денес е голема загубата за сите чесни сопартијци, денес почина Анче Трифунов, наш долгогодишен член и активист, бивш Претседател на Совет на Општина Кочани и Државен секретар во Министерство за економија.

Анче Трифунов е роден на 10.01.1971 година, дипломиран машински инжинер кој работните обврски ги извршуваше во ЈПССДП, каде своевремено беше и раководител на истоимената ПЕ. Сочувство до семејството“, пишува во објавата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде