Балканот се тресе: Утрово серија земјотреси во соседството

Неколку послаби земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала,

во текот на ноќта и утрово го погодија подрачјето на јужна Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Епицентарот на овој земјотрес, кој се случи утринава во 7 часот и 22 минути, се наоѓа на девет километри од Захар и 93 километри од Патра на длабочина од шест километри.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде