Македонски државјанин вчера бил уапсен во Бујановац, Србија, откако со своето возило кое го возел со огромна брзина, се забил во полициско возило и повредил полицаец.
Српските медиуми пренесуваат дека Македонскиот државјанин Ј.А. роден 2002 година, на автопатот кај Бујановац возел со 184 километри на час.
– Ј.А. е задржан во полициска станица затоа што со брзина од 184 километри на час, со своето возило удрил во полициско службено возило и во таа прилика повредил полицаец.
Оштетен е и полицискиот радар. Материјалната штета се проценува на 2 милиони динари, велат од српската полиција.
Неофицијално, несреќата се случила на дел од автопатот помеѓу Бујановац и Прешево.
Засега не се познати повеќе детали.