Падна одлука која вреди да се поздрави – двојно се зголемува паричната помош за граѓаните

Со цел да се поддржат младите семејства и да се поттикне населението, општината донесе значајна одлука за зголемување на надоместокот за новороденче од 5.000 на 7.000 денари.

Денес градоначалникот Стојкоски потпиша нови решенија за оваа поддршка, со што се потврдуваат заложбите за инвестирање во најмладите генерации.

Дополнително, општината активно вложува во подобрување на условите за предучилишно образование. Во моментов е во тек изградбата на нова градинка во населбата Стопански Двор, а паралелно се работи на подготовка на документација за изградба на уште две нови градинки на територијата на Општина Ѓорче Петров.

„Создаваме услови за секое дете и секое семејство да имаат сигурна и подобра иднина во Ѓорче Петров. Ова не е само наша обврска, туку и наша мисија. Општината се развива заедно со граѓаните и за граѓаните,“ изјави градоначалникот Стојкоски

Општина Кисела Вода денес на Советот со едногласна одлука одлучи еднократната парична помош за семејствата со новороденчиња двојно да се зголеми.

Со оваа одлука, износот кој досега беше 6.000 денари се зголемува на 12.000 денари. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека оваа мерка е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за унапредување на социјалната слика и создавање поволни услови за развој на младите семејства.

„Поддршката за новороденчињата е многу повеќе од финансиска помош. Таа претставува симбол на нашата заложба за иднината, за создавање општина која расте и се подмладува. Ова е само еден сегмент од нашите заложби.

Градиме нови градинки за да обезбедиме предучилишно образование за сите деца, субвенционираме целодневен престој за децата од семејства во социјален ризик, а за овие деца обезбедуваме и бесплатни оброци, курсеви по странски јазици и информатика во училиштата“, кажа Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека во програмите на општината за поддршка на младите сите првачиња добиваат бесплатни ранци и училиштен прибор.

„Во рамките на програмите за поддршка на младите, сите првачиња во општина Кисела Вода добиваат бесплатни ранци и училишен прибор преку проектот „Ранче за секое прваче“, додека за децата од социјално загрозените семејства се организираат бесплатни летувања, што придонесува за нивниот развој и рамноправни можности“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, додавајќи дека со вложувањата во образованието, инфраструктурата и социјалната поддршка, Општина Кисела Вода создава услови за хармоничен развој на секое дете и активно работи на создавање здрава и просперитетна иднина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде