Поскапеа телешкото и јунешкото месо во дел од маркетите. Така килограм телешка кртина сега чини над 1.200 денари, додека телешката плешка сега се продава за нешто над 1.000 денари.
Јунешкото месо се продава од 719 до 790 денари за килограм.
Цените на свинското месо сè уште ги „држат“ предновогодишните позиции од 350 до 400 денари, а некаде стојат и етикетите „помалку трошоци повеќе за вас“, што е малку збунувачки, бидејќи таа категорија не влезе во новогодишната акција.
Според канадската статистика, говедското месо е главен двигател на инфлацијата на храната во последниве месеци, надминувајќи ја општата инфлација.
Поради скапотијата, едно македонско семејство во 2023 година купило едвај 2 килограми телешка кртина. Од друга страна, набавени се 12,2 килограми јунешка кртина и 12,9 свинска кртина, а дури 14,7 килограми пилешки стек, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика.