Полциијата со детали за сообраќајката што вчера се случи на патот кон граничниот премин со соседна Бугарија.
– На 28.01.2025 во 17.20 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат А2 во Крива Паланка,
патничко моторно возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.С.(51) од село Дурачка река, удрило во пешаците Р.С.(73) и А.Ј.(76), по што возачот со возилото го напуштил местото, соопштија од полицијата.
Набргу, по преземени мерки возачот бил пронајден и лишен од слобода. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Р.С.(73), додека А.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, додаваат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Вчера попладне, од 17:35 часот на овој правец имаше забрана за сообраќање поради сообраќајна несреќа.