Адвокатот Јанаки Митровски е дециден дека некој го спасувал Васил Јованов, кога во минатото имал проблеми со законот. Откако проструи веста дека Јованов веќе е осуден за дрога, но и дека има прекршочни санкции од МВР за дела сторени управувајќи автомобил без возачка – јавноста бара одговорност од судиите и обвинителите кои го гонеле и одлучувале за тоа како треба односно како да биде санкциониран.
Ставот на адвокатот Митровски во целост:
„Дури и во услови кога постои законски исклучок да му се изрече заводска мерка бидејќи немал наполнети 21 година, тој исклучок е крајно рестриктивен и е врзан за неговата личност и околностите под кои е сторено делото.
Фатен е со 80 паковки амфетамин за кој по праксата на скопскиот кривичен суд би добил 1,5 до 2,5 години затвор.
Наместо ќорка е на слобода и наместо да му биде wake up call, батето пијано и без возачка гази нечија ќерка и сестра небаре е куче на улица.
Детево е вадено и тоа од МАРС се гледа. Дополнително имал десет прекршочни со кои си го бришел задникот бидејќи му било гајле, пак си возел сепак тате и мама се тука да го вадат.
Очекувајте на судењето кое следи некое спектакуларно вештачење дека пешакот е виновен, го изненадил. Ова буквално сум го видел на предмет. Банана држава би било пофалба за Monkeydonia!!!“.