Професорката Алексиќ: „Две семејства се закопани со еден удар. Ни се случува Кецмановиќ на улица“

На 29 јануари возач ја удри со автомобил и на место ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова пред Универзалната сала на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Македонија е обивена во црно, а социјалните мрежи се преплавени со објави за неа.

Професорката Татјана Алексиќ напиша:

„Две семејства. Во едното расте момче коешто на 20 години зад себе веќе има криминално досие, а во другото расте девојче коешто на 22 години е полно со младешки елан, визија за иднина, трудољубие, успеси и љубов кон животот.

Две семејства се закопани со еден удар.

Едното од тага по изгубеното чедо, другото затоа што создале убиец. Парите имаат моќ да поткупат, но не и да ја вратат продадената душа на ѓаволот.

И секое наше дете може да биде Фросина, сѐ додека имаме закон продаден за пари. Ни се случува Кецмановиќ на улица“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде