Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ, на 42 години, по кратко боледување.
Тој речиси 13 години беше дел и од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција.
Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика. Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.
Последно, работеше во „Систина“ во Секторот за ПР и маркетинг.