УЖАС: Со автомобил удри две докторки за време на протест во Белград (ВИДЕО)

За време на денешниот 15-минутен молк за трагедијата во Нови Сад, се случи инцидент во Белград.

Како што пренесува nova.rs, двe докторки биле удрени од автомобил. Како и во изминатите неколку недели, и денеска лекарите кои работат во Институтот за ментално здравје излегоа во 11:52 часот да им оддадат почит на жртвите во Нови Сад.

Во текот на 15-те минути молк на улица се појави автомобил и со полна брзина удри двајца лекари.

„Автомобилот не застана и удри во лекар, специјалист по психијатрија и млад колега. За среќа, тие се стабилни.

Полицијата веднаш дојде да утврди што се случило“, изјави за Нова.рс лекар од овој Институт, кој побара да остане анонимен. Здравствените работници во оваа болница се во шок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде