Најнова вест: Земјотрес го стресе Скопје
Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Скопје.
Според податоците од сервисот ЕМСЦ, земјотресот бил на 10 километри источно од центарот на градот.
Истиот бил на длабочина од 8.2 километри.
Засега нема информации за евентуални штети.