Возач на автомобил загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопат во Хрватска кај Поповец, соопшти полицијата.
Според полицијата, несреќата се случила околу 03 часот и 55 минути, помеѓу раскрсниците „Света Елена“ и „Поповец“, во правец кон Загреб.
На фотографијата од местото на несреќата која ја објави порталот 24сата се гледа дека автомобилот е целосно уништен.
Засега не е познато како дошло до несреќата и возилото излетало од коловозот.
Полицијата врши увид.