СИЛЕН земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21 часот во Кина

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21 часот во јужната провинција Ксинџијанг.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 38,4167 и географска должина 76,4043.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде