Земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот

Земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,

одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде