Македонија: Лекари се степале во операциона сала – се огласија од болницата

За вчерашната физичка пресметка меѓу двајцата лекари во Клиничката болница – Штип во операциона сала, од болницата испратија и соопштение во кое се вели дека веќе е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени.

Во текот на вчерашниот ден 05.02.2025 година околу 12:30 часот во работните просториите на Клиничка болница – Штип дојде до нарушување на работниот ред со физичка пресметка помеѓу двајца вработени.

Во текот на денешниот ден, од страна на надлежните од болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде