Тажна вест: Почина поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација

По смртта неодамна на Александар Јовиќ сега, македоскиот ракомет го погоди уште една тажна вест, почина поранешниот селектор Илија Темелковски.

Македонија со него на клупата настапи на Светското првенство во 2009 година кое како и првенството оваа година се играше во Хрватска.

Најголемиот дел од кариерата го помина работејќи со помладите генерации, а последниот успех го имаше со У21 генерацијата во Алжир во 2017 година.

Исто така ги водеше младинските селекции на ЕП во 2002 година во Атина и ЕП во 2002 година во Полска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде