48-годишен маж пронајден мртов во својот дом

СВР Струмица соопшти дека вчера во 12:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во семејна куќа во село Удово, валандовско, бил пронајден починат А.А.(48) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Според информацијата од полицијата, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде