„Кога ќе излезе ќерка ми од гроб, тогаш убиецот нека излезе од затвор“: Започна судењето за убиството на Емилија од Штип

Еден наркоман и коцкар ми го уби детето! Беше пријавуван за насилство и порано, ја тепаше, ја малтретираше, ја пречекуваше пред суд, за да ја заплаши и да се откаже од тужба против него.

Секогаш на почеток на месецот, кога Емилија ќе добиеше пари, сите до денар и ги земаше, со растреперен глас денес раскажа Џемиле, мајка на Емилија Пешева (29), која лани на први ноември ја уби Фадил Зејнелов, со кого била во врска.

Настанот се случи во Штип, а денес во Основниот суд во Штип започна судењето против убиецот на Емилија, која зад себе остави едно малолетно дете.

– Барам доживотна казна затвор! Тоа имам да му порачам и да го замолам судијата. Кога ќерка ми ќе излезе од гроб, тогаш и убиецот нека излезе од затвор! –порача мајката.

Во Основниот суд во Штип денеска започнува судењето против Ф. З. кој на 1 ноември минатата година изврши убиство нa 29-годишната Емилија Пешева.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева се обезбедени докази според кои обвинетиот при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде