Нови детали: Снег и студен ветер – Еве кои делови ќе бидат најмногу погодени

Метеопрогнозерот Славчо Попоски предупредува за снег на планините, а во овие делови и во градовите.

Од утре времето во Македонија ќе биде облачно, со зголемена можност за повремени врнежи, особено во западните и југозападните делови од земјата.

Како што прогнозира метеопрогнозерот Славчо Попоски, во овие региони се очекуваат врнежи главно од снег, додека во некои градови ќе има мешавина од дожд и снег.

– На планините, како и на скијачките центри, снежната покривка ќе се зголеми, додека во некои од пониските предели може да се формира помал снежен слој. Времето ќе биде проследено со слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец – вели Попоски.

Во Скопје и околината, од утре ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, но тие нема да бидат обилни.

– Иако утринските температури ќе бидат нешто повисоки поради облачноста, на повеќе места ќе останат под нулата. Дневните температури, пак, ќе продолжат да опаѓаат и ќе се движат неколку степени над нулата, додека на повисоките предели и планините ќе се задржат околу или под нулата – додаде Попоски.

В среда во Македонија утрото ќе биде студено, а во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од запад ќе започнат повремени врнежи од снег, особено на планините, додека во останатите делови на земјата ќе има услови за слабо провејување на снег.

Се очекува јужното воздушно струење да донесе облачно време со услови за снег, главно во западните и повисоките предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец“, соопштуваат од УХМР.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во четврток во Македонија времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од снег, претежно во планинските региони. На пониските места се очекува краткотраен дожд, кој повремено ќе преминува во слаб снег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде