Сите ќе го паметат по оваа легендарна серија: Почина познатиот актер

Ќе го паметиме по улогата на слеп свештеник во познатата серија.

.Брус Френч, кој го толкуваше отец Лониган во серијата „Passion“, почина на 79-годишна возраст.

Френч беше во брак со Ајлин Барнет, поранешна актерка од „Денови на нашите животи“.

Како што пренесуваат странските медиуми, Брус Френч починал во петокот во Лос Анџелес од компликации предизвикани од Алцхајмерова болест.

Болеста му била дијагностицирана пред четири години.

Роден е на 4 јули 1945 година во Рајнбек, Ајова.

Дипломирал на Универзитетот во Ајова и служел во американската армија за време на Виетнамската војна.

Подоцна студирал глума на Тиш школата за уметност на Универзитетот во Њујорк.

Во серијата „Passion“, Френч го толкуваше слепиот свештеник Лониган во сите девет сезони, од 1999 до 2008 година.

Актерската кариера ја започна во 1972 година во претставата на Бродвеј „Сенка на пиштолџија“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде