Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов, го откажа гостувањето во покастот „Претрес“.
Познатиот адвокат објасни дека оваа негова одлука е по барање од родителите кои сметаат дека е доволно кажано на прес-конференцијата.
Како гости биле поканети и родителите на Васил, но, како што пишува порталот Скопје 1, тие се заблагодариле на укажаната можност и ја одбиле поканата.
„Во овој момент сме премногу истоштени од сите случувања на кои сведочите периодов, така што искрено немаме сила и енергија за појавување во јавност и дополнително распламтување на ниски страсти и гнев наоколу, барем во овој момент“, било известувањето од мајката Ана Јованова.
„За овој случај има низа отворени прашања, а поврзани со личноста на Васил Јованов, поврзани со објавени невистини, но и со прикриени информации. Кој е Васил, колку точно прекршоци има направено, ќе признае ли вина, има ли каење, за потребата од телефон и кој го платил.. Ова се само дел од прашањата поврзани со возачот.. Но има и за родителите..
Ќе остане неодговорено, како жалат за несреќата, а истовремено пред медиумите тргнаа да објават аматерско видео каде се гледа и телото на загинатата Фросина. Секако, ќе ги отворевме и темите за пласираните лаги поврзани со личноста на возачот, за кои точни информации ќе побаравме од нив“, се наведува во официјалното соопштение.