Уште една трагедија: Прегазен пешак, починал на лице место

Доцна синоќа се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат во близина на с.Колибари кичевско, објави Порта.мк

Според очевидците за порталот Порта, бил прегазен пешак жител на околните села, од пмв. Рено Лагуна со кичевски регистарски ознаки.

На терен излезен дежурен Јавен Обвинител, додека Полициски екипи на ОВР Кичево извршиле увид. На местото од трагичниот настан веднаш интервенирала Медицинска екипа, но на помош била повикана и екипа на ТППЕ Кичево.

Пешакот починал, додека телото на истиот по наредба на Јавен Обвинител е дадено на обдукција.

Дополнителни информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми во текот на денешниот ден од СВР Охрид.

Извор: Порта.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде