Две средношколки прегазени од мотоцикл во Скопје

Две средношколки биле прегазени од мотоцикл додека оделе кон училиште минатиот вторник, сведочи семејството на едно од девојчињата за „Скопје1“.

Тие посочуваат дека мотоциклот свесно не закочил, а не им укажал ниту помош. Според сведочењето на девојчињата, помош им укажале лица кои се движеле со камионче.

За кратко, лицето со мотоциклот се вратило, па и кажало на прегазените дека можат да се договорат, да не помислуваат да викнат полиција.

Девојчињата со Брза помош биле однесени во болница.

Настанот се случил кај Цементара во правец кон средното училиште „Марија Кири Склодовска“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Скопје 1

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде