Страотни сцени од местото на несреќата: Најмалку пет лица загинаа, а седум се повредени утринава по експлозија во шопинг центар во Тајван

Најмалку пет лица загинаа, а седум се повредени утринава по експлозија во шопинг центар во градот Тајчунг во централниот дел на Тајван,

соопшти пожарникарската служба, додавајќи дека се сомнева дека станува збор за експлозија на гас, пренесува Ројтерс.

Претходно, противпожарната служба соопшти дека 10 лица се хоспитализирани, од кои четворица не даваат знаци на живот, пренесе АП.

Експлозијата се случила на 12 кат од центарот Шин Конг Мицукоши во градот Таичунг, а оштетена е и фасадата на стоковната куќа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде