УЖАС: Врата падна врз осумгодишно дете – со тешки повреди итно пренесено во болница

Страшна несреќа се случила во Македонија кога врата паднала врз осумгодишно дете и го повредила.

Вчера во СВР Тетово било пријавено дека околу 14 часот и 10 минути во кругот на станица за технички преглед во Тетово,

осумгодишник од Тетово се играл и ја влечел влезната врата, која притоа се откачила од шините и паднала врз него.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

За настанот бил известен и јавен обвинител.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде