Автомобил удри во велосипедист, со тешки повреди итно пренесен во болница

Велосипедист е тешко повреден откако во него удрило возило на локален пат во скопско. 

– На 12.02.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Миладиновци – село Текија, скопско,

патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од село Дељадровце, скопско, удрило во велосипед управуван од Н.А.(69) од с.Миладиновци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија од МВР во денешниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.    

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде