Тажната вест брзо се прошири: Почина познатата актерка на 33-годишна возраст

Сириската актерка Анжи Морад, позната по улогите во телевизиски драми, почина на 33-годишна возраст по сериозна здравствена криза, потврди нејзиното семејство.

Енџи Морад, која беше бремена, претрпе компликации од вирусна инфекција и беше префрлена на интензивна нега кон крајот на јануари, каде на крајот и подлегна на болеста.

Нејзината мајка во објава на Фејсбук тагува за загубата на својата ќерка и се присети на страдањата што ги претрпела во последните денови.

– Господ да те помилува ќерко моја – напиша таа.

Загриженоста за здравјето на Морад се зголеми откако таа објави вознемирувачка порака на Фејсбук: „Умирам, те молам прости ми“.

Според либанските медиуми, состојбата на Морад се влошила откако за време на бременоста се заразила со вирус, што довело до сериозни компликации на белите дробови.

Сириски извори велат дека таа се борела со пневмонија пред да биде префрлена на интензивна нега.

Родена во Дамаск во 1992 година, Морад ја започна својата актерска кариера во 2008 година по дипломирањето на Високиот институт за драмски уметности.

Таа беше препознаена по улогите во сириските драмски серии како „Ал Гариб“ и „Бакаа Да 13“, пред да направи пауза во 2020 година.

Таа неодамна се врати на телевизија со серијата „Souq Al Haramia“, чија премиера беше на 19 јануари.

Покрај актерството, Морад го привлече меѓународното внимание во 2017 година кога ја освои титулата Мис на Азија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде