Зад себе остави малолетен син: 10 години се бореше за потомство, порасна без родители, сега почина од најтешката болест

Пејачката Јасна Бошњаковиќ почина синоќа на 11 февруари на 48-годишна возраст, оставајќи зад себе малолетен син.

Имено, Јасна се прослави со учеството на музичкиот натпревар Никогаш не е доцна, а поради нејзината тажна приказна плачеше речиси цел регион.

Пораснала без родителите кои ги изгубила во тинејџерските денови и чувствувала тага додека не родила дете.

Но, и тој пат не бил лесен, со оглед на тоа дека десет години се борела за потомство.

– Верувам дека кога имаш силни соништа и желби, тие ќе се остварат. Десет години се трудев и се борев да имам дете и секогаш верував дека ќе го родам тоа дете. Така беше и за ова шоу, многу сакав да се појавам и желбата ми се оствари – изјавила поранешната натпреварувачка, пренесува Телеграф.

Јасна боледуваше од рак на крајниците, а иако беше оперирана летово, неодамна нејзината состојба нагло се влоши.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде