Објавена најнова прогноза: Еве какво време не очекува до крајот на февруари

Од средината, како и во втората половина на овој месец ни следува многу ладен период, како во Македонија, па така и во целиот регион.

Поточно, од истокот  и од североистокот на Европскиот Континент ќе ни продре многу ладен воздух кој ќе услови многу ниски температури на воздухот, и тие ќе бидат потпросечни за овој период од годината, вели метеорологот Славчо Попоски.

„На Метеоролошката карта можете да видите дека најголем дел од Европскиот Континент, вклучувајќи ги и Балканот и нашата Република Македонија ќе имаат многу ладно време со температури кој се пониски од вообичаените, односно од 30 годишниот просек.

Сепак и покрај ова, ќе имаме претежно сув студ, или повремено ќе има услови само за локални послаби врнежи претежно од снег. Повеќе снег овој бран ќе донесе во регионот.

Во следните мои метео објави следува детална метео анализа и околу температурите на воздухот кои се очекуваат за време на овој многу ладен бран кој ни доаѓа“, објави тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде