Силно торнадо уништи живописна улица во Позо дел Камино во Хуелва, Шпанија за само неколку секунди.
Позо дел Камино во Хуелва оваа недела го зафати необично невреме придружено со силен ветер и дожд. Екстремните временски услови предизвикаа и огромно торнадо кое го зафати овој популарен град на југот на земјата, пишува Мирор.
За само неколку секунди торнадото уништи патишта и столбови за струја, оставајќи ги имотите на луѓето во урнатини. Жителка на една куќа го снимила моментот кога низ дворот на нејзината куќа минува торнадо.
На почетокот на видеото можете да го видите дождот пред да се појават првите налети на ветрот. За неколку секунди живописната мала градина се претвори во урнатини.
„Моќта на природата е и застрашувачка и фасцинантна. Внимавајте сите“, коментираше еден корисник на X на објавата.
OMG!! More video of the tornado that hit Ayamonte in Huelva, Spain on Tuesday 🌪️😱
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) February 13, 2025
📹 Rosario Carretero pic.twitter.com/BsgM8iudVu
