Обилни врнежи од снег парализираа делови од регионот – ќе пристигне ли бранот во Македонија?

Снегот кој интензивно паѓа во поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикува отежнат сообраќај, кој се одвива отежнато на повеќето правци, особено на делниците во повисоките планински предели.

Силниот ветер создава дополнителни проблеми, формирајќи снежни наноси. Во Херцеговина врне дожд, а коловозите се влажни и на места лизгави.

На границите се забележуваат дополнителни компликации. Поради зимски услови во Хрватска, на граничниот премин Изачиќ е забранет сообраќајот за камиони со приколки и трактори.

Долги колони патнички возила се забележани на влезот во БиХ на премините Велика Кладуша, Босанска Костајница, Градина, Босанска Градишка и Босански Брод, додека на другите премини нема подолги задржувања.

Во Босна и Херцеговина се најавени врнежи од снег за претстојниот викенд, но наскоро се очекуваат и малку повисоки температури од вообичаените.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде