СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран доцна синоќа во Сибир

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран доцна синоќа во Сибир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на 29 километри северно од Кош Агач во регионот Алтај.

Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан.

Да потсетиме, земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Тексас, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар-ЕМСЦ.

Земјотресот бил на длабочина од 8 километри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде