Холивудскиот актер и рапер Џин Ален, познат и како „Groove“, ненадејно починал на 63-годишна возраст.
Холивуд тагува за загубата на уште една легенда, познатиот рапер и актер Џин Ален ненадејно починал на 63-годишна возраст.
Тажната вест за TMZ ја потврдило семејството кое го пронашло неговото безживотно тело
Ален, чие уметничко име беше „Groove“, остави значаен белег на забавната индустрија, како во светот на музиката, така и на големото платно.
Најпознат е по филмот „What’s Love Got to Do with It“ од 1993 година во кој глуми со Тина Тарнер.
Тој играше „уличен фотограф“ во филмот „Бумеранг“ од 1992 година со Еди Марфи.
Неговата последна објава на Инстаграм беше од пред четири дена, каде што е виден како пее на микрофон на забава со зборовите „Не се шегувам“.
