Полицијата информира дека исчезнало дете од јавната установа – Детски дом „11 Октомври“.
Вчера во 10.15 часот во Полициската станица Карпош, од јавната установа – Детски дом „11 Октомври“ било пријавено дека од установата се
оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил пронаоѓан и враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
