Костадин Костадинов вечерва со жестока реакција до министерката Димитриевска-Кочовска

Фејсбук реакција на градоначалникот на Струмица, Костадинов.

Почитувана Министерке Гордана Димитриеска-Кочоска, пишувам со целосна почит кон вас и кон вашето работење како прв менаџер со парите на граѓаните.

Во оваа прилика сакам и морам во мое име како градоначалник на Мојата Струмица и во име сите граѓани на Струмица, изразам силен револт во однос на немањето комуникација со вас.

Вие можете да не ме сакате, да сакате да ме победите на избори, да сакате да ја освоите Струмица, но немате никакво право да ја ставате Струмица на гилотиња!

Јас вам ве почитувам како именуван функционер, не се познаваме лично ама вие ја имате честа од граѓаните да работите тоа што го работите.

Имено:

1.Ве молам имаме право на поврат на ДДВ во новото јавно претпријатие Струмица Транспорт прво на балканот со целосно електрифициран јавен превоз, во износ од 69.000.000 денари, средства кои се неопходни за нормално функционирање на претпријатието.

Кажете ни кога може да ги очекуваме средстватс кои нам ни следуваат по закон?

2.Дотацијата од ДДВ за општините согласно законот за финансирање на ЕЛС е 6% но неколку месеци поприлично во помал износ ни стигнуваат дотациите, зошто?

3.Струмица е прва гасифицирана општина во Македонија со 43 километри секундарна мрежа, Согласно Законот донесовме одлука за задолжување на ЈП СТРУМИЦА ГАС трета година по ред за обртни средства а се со крајна цел, резервирање количини и поволна цена на природен ГАС за потребите на Болницата, Градинките, Училиштата и други јавни установи, приватни компании, домаќинства….

Таа одлука вие не ја испочитувавте и веќе цената на гасот е птидена до плафон!

Кажете ни зошто?

4.Дотациите за градинките и за основните и средни училишта ни се намалени, и таквите воспитно-образовни институции намерно или ненамерно ги оставаме да тонат во проблеми.

Почитувана Министерке,

Струмица не е само СДСМ имаме и гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, ЗНАМ имаме и неопределни, треба да знаете и ним сте им влада.

Ние сме составен дел на Македонија, ние плаќаме даноци и како народ и од градот и од струмичките преубави села си ги реализираме обврските кон државата така како што си е редот.

Ова го пишувам со најдобра намера, за да поттикнам надминување на многу отворени прашања кои создаваат потешкотии во нашето работење.

Сите ние ја имаме честа исклучиво да служиме, затоа сме служба на граѓаните, притоа никако не смееме истите да ги делиме по било која основа.

Се надевам на разбирање на ситуацијата во која не ставивте сите нас од Струмица, пред се како граѓани, после и како институции.

Сето ова напишано, не асоцира на ликвидност, не сакам да верувам во други теории.

Со почит

Костадин Костадинов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде