Во сообраќајната несреќа што под се уште неразјаснети околности се случи вечерва, околу 21 часот,
во градот Полумир на Ибарската магистрала, нема повредени, но причинета е материјална штета.
Се претпоставува дека до несреќата дошло кога австриски државјанин, управувајќи мерцедес низ Ибарската клисура, најверојатно заспал на воланот и изгубил контрола над автомобилот, кој потоа се превртел на покривот.
Во оваа прилика жената во мерцедесот, за среќа, се спасила без повреди, што го потврдила и екипа на итната помош која пристигнала на местото на несреќата.
По краток, привремен прекин, сообраќајот на оваа многу фрекфентна автопатска делница продолжи.
