Утре најавени врнежи од снег – еве во кои делови од Македонија

Вечерва во Македонија полека облачноста се зголемува, а температурите за разлика од изминатите вечери се малку повисоки, но сепак и понатаму е ладно и сме под влијание на ладната воздушна маса која продира од исток и од североисток.

Веќе утре (недела 23 февруари) ќе имаме слаби локални врнежи, особено во источната половина од Македонија и

претежно доцна попладне и ноќта кон понеделник и ќе бидат претежно од снег, а во делови од градовите е можна појава на дожд и на снег.

На метеоролошката карта можете да ги видете температурите измерени вечерва низ Македонија и тоа до 19 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде