62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.
„На 22.02.2025 во 22:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.Н.(62) од Штип,
постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.